Во железничка несреќа во Словачка, што се случила во близина на општината Стречно, повредени се 74 лица.
Несреќата се случила кога воз со стотина патници во близина на Стречно, на северозападот од земјата, застанал поради дефект и потоа бил удрен од локомотива која му пришла на помош.
Како што пренесуваат словачките медиуми, полицијата преку објава на социјалните мрежи соопшти дека се истражува причината за несреќата, наведувајќи дека полесно се повредени 59 лица, 11 се здобиле со средно тешки повреди, а четворица се потешко повредени. Во блиските болници се префрлени 34 лица.
Полицијата ги повика возачите да избегнуваат да се движат во близина на местото на несреќата, кое е блиску до важен железнички јазол, каде што линиите од внатрешноста до Братислава се среќаваат со оние до соседна Чешка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.