Неколку европски синдикати на кабинскиот персонал на ирската авиокомпанијата „РајанЕр“ повикаа на штрајк следниот викенд во Франција, Шпанија, Белгија, Италија и Португалија, додека шпанскиот синдикат исто така повика на деветдневен штрајк во јули во „ИзиЏет“.
Вработените во „РајанЕр“ треба да штрајкуваат во сабота и недела за да побараат „спроведување на законот за работни односи и исплата на дополнителни часови работа“. Компанијата дури и не го почитува времето за одмор како што е предвидено со законодавството за цивилно воздухопловство – соопшти претставникот на персоналот на францускиот синдикат (СНПНЦ), Демиен Моргус.
На 12. и 13 јуни штрајкот веќе предизвика откажување на четвртина од летовите на „РајанЕр“ во Франција, што е околу четириесет летови.
Во Шпанија, синдикатите УСО и СИТЦПЛА го повикаа персоналот на „РајанЕр“ на штрајк од 24 јуни до 2 јули.
Во Португалија, персоналот на „РајанЕр“ повика на штрајк на 24. и 26 јуни во знак на протест против влошените работни услови, како и во Белгија.
Во Италија, штрајк во „РајанЕр“ е закажан за 24 часа во сабота на 25 јуни. Таму, пилотите и кабинскиот екипаж бараат плати „кои барем се во согласност со минималните плати предвидени со националниот договор за воздушен транспорт“ во нивната земја.
Со обновувањето на воздушниот сообраќај по затворањето поради коронавирусот, многу компании мораат да откажуваат летови поради недостиг на персонал, а повеќе аеродроми се во хаос бидејќи не можат да го апсорбираат зголемениот број патници.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.