Повеќе од половина милион луѓе се вратиле во Украина од почетокот на руската инвазија, соопшти украинското Министерство за внатрешни работи.

„Минатата недела 144.000 луѓе ја напуштија Украина, а дојдоа 88.000. Вкупно околу 537.000 наши сонародници се вратија во Украина“, соопшти Министерството, повикувајќи се на податоци од Државната гранична служба

Високиот комесаријат за бегалци на ОН во саботата регистрираше 4.176.401 Украинец кои ја напуштиле земјата од почетокот на инвазијата на 24 февруари, што е за 38.559 повеќе од извештајот претходниот ден.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.