Контраразузнавачката служба на Казахстан спречила атентат врз претседателот на државата Касим-Жомарт Токаев.

Според соопштението на Комитетот за национална безбедност (КНБ), државјанин на Казахстан, кој работел за странски разузнавачки служби планирал да го нападне претседателот и бројни високи функционери, но бил уапсен кон крајот на март.

При претресот, кај уапсениот била пронајдена снајперска пушка од странско производство со придушувач, наркотици и поголема сума пари. Оружјето било внесено во Казахстан расклопено на делови во професионално камуфлирана пратка.

Државјанинот на Казахстан, при прелиминарната истрага призна дека наведените дела ги извршил по упатство и во интерес на странската држава – се додава во соопштението.

Против него е поведена кривична постапка според членот „Подготовка за кривично дело и обид за кривично дело“, како и „Терористичко дело“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.