Чеченскиот челник Рамзан Кадиров објави дека повеќе од илјада припадници се предале во близина на пристанишниот град Мариупол и ги повика другите украински војници, платеници и паравоени единици се утврдени во челичарницата „Азовстал“.

Информацијата за заробувањето на украинските војници ја потврди подоцна во средата на редовниот брифинг во руското министерство за одбрана, портпаролот генерл-мајорот Игор Конашенков, истакнувајќи дека меѓу заробените се 162 офицери, како и 47 жени војници.

Во градот Мариупол, во областа на металуршкиот погон Илич, како резултат на успешните настапувања на руските вооружени сили и милицијата на Донецката народна република, 1.026 украинските војници на 36-та поморска бригада, доброволно го положија оружјето и се предадоа, рече Конашенков.

Руската државна телевизија во вторникот прикажа предвање на украинските маринци во Железарницата Илич, близу Мариупол, а многумина од нив се повредени. Беа емитувани кадри од украински војници кои одат по улица со рацете во воздух. Еден од нив е прикажен како држи украински пасош.

Во Азовстал во овој момент има околу 200 ранети кои не можета да добијат никаква медицинска помош… За нив и за сите други би било подобро да го прекинат овој бесмислен отпор и да се вратат на своите семејства, порачува Кадиров во својата објава.

Кадиров е познат како голем поддржувач на рускиот претседател Владимир Путин кого повеќепати го повикуваше да не ја запира операцијата во Украина додека не ја „исчисти“ од „бандеровските ѓубриња и нацисти и од чеченскојазичните шејтани“.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.