Повеќе од 55 отсто од Американците немаат позитивно мислење за американскиот претседател Џо Бајден, покажуваат резултатите од истражувањето објавено од интернет порталот „FiveThirtyEight“.

Бајден е фаворит на Демократската партија за кандидатот на претстојните претседателски избори, иако полека ја губи популарноста кај американската јавност, па анкетите покажуваат дека има слаби шанси да го победи кандидатот на Републиканската партија, без разлика кој ќе биде избран.

Возраста на најстариот американски претседател во историјата не е единствениот извор на загриженост во јавноста, бидејќи анкетите покажуваат дека Бајден (81) ја губи популарноста поради начинот на кој управува со економијата, како и поради прашањата поврзани со границата меѓу САД и Мексико.

Околу 40 отсто од анкетираните граѓани имаат позитивно мислење за Бајден и наведуваат дека го поддржуваат поради успехот што Демократската партија го постигна на изборите во 2022 година и на неодамнешните избори за конгресот.

Истражувањето кое на барање на „Волстрит Џорнал“ беше спроведено од 29 ноември до 4 декември покажува дека поранешниот американски претседател Доналд Трамп го поддржуваат четири отсто повеќе испитаници од оние кои би сакале Бајден повторно да биде претседател.

Резултатите од истражувањето, во кое биле анкетирани 1.500 регистрирани гласачи, покажуваат дека Трамп го поддржуваат 47 отсто од испитаниците, а Бајден 43 отсто.

И истражувањето на колеџот „Емерстон“, кое беше спроведено од 4 до 6 декември, ги даде истите резултати, според кои Трамп добил 47 отсто поддршка, а Бајден 43 отсто.

Неделникот „Економист“, најрелевантниот во истражувањето на јавното мислење, објави слични резултати за популарноста на двајцата ривали, според кои Бајден го поддржуваат 42 отсто од гласачите, а Трамп 41 отсто.

Политичките аналитичари и експерти посочуваат дека е рано со сигурност да се каже какви ќе бидат резултатите од претседателските избори во 2024 година, но посочуваат дека се чини дека Бајден и Трамп ќе влезат во вториот круг.

Меѓутоа, Бајден е уверен дека ќе го победи Трамп, доколку и двајцата бидат номинирани од нивните партии.

Не сум единствениот што може да го победи, но ќе го победам, изјави Бајден пред новинарите во средата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.