Над 360 милиони христијани ширум светот биле „изложени на тежок прогон и дискриминација“ поради нивната вера во 2022 година, а Северна Кореја е најлоша земја за христијаните. Toа се посочува во извештајот што го објави невладината организација „Порт Овер“.

Tаа протестантска организација секоја година објавува „светски индекс“ на прогонот на христијаните, во кој ги регистрира сите напади врз нив – од „скриено секојдневно угнетување“ до „најекстремно насилство“.

Помеѓу 1 октомври 2021 година и 30 септември 2022 година „над 360 милиони“ католици, православци, протестанти, баптисти, евангелисти…од 76 земји биле „изложени на тежок прогон во светот, или секој седми христијанин“, изјави Патрик Виктор, шеф на францускиот огранок на „Порт-Овер“.

Истиот број е забележан и во 2022 година, меѓутоа за 30 години откако е забележано проширување на прогонот денес „има силни прогони во 76 земји, во споредба со 40-те наведени во првата листа на организацијата во 1993 година, посочи Гијом Генек, портпарол на здружението.

Во исто време „прогоните стануваат се поинтензивни во споменатите земји“, додаде тој.

Во 2022 година се убиени 5.621 христијани, а 5.898 година претходно. Организацијата, исто така, изброи 4.542 христијани кои се наоѓаат во притвор (од нив 1.750 во Индија) наспроти 4.277 во претходната година. Киднапирани се 5.259 христијани (вклучувајќи 4.726 во Нигерија), за разлика од 3.829 во 2021 година.

Вкупниот број уништени, затворени или нападнати цркви е 2.110 – значајно помалку од 5.110 во 2021 година. Според вкупната скала на прогон, Северна Кореја сега е на првото место во годишно рангирање, поместувајќи го Авганистан. Следна е Сомалија, а потоа следат Јемен, Еритреја, Либија, Нигерија, Пакистан, Иран, Авганистан и Судан.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.