Повеќе од 160 луѓе починаа од студ овој месец во Авганистан, каде зимата е најтешка во повеќе од една деценија, соопштија денес талибанските власти.

Портпаролот на авганистанското Министерство за управување со природни катастрофи Шафиула Рахими изјави дека од 10 јануари досега поради многу студеното време загинале 162 лица, пренесе Ројтерс.

Најстудената зима во последните 15 години го зафати Авганистан, а температурите се спуштија до минус 34 степени Целзиусови.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.