Потпретседателката на САД Камала Харис пристигна во Полска на разговори со државниот во ситуација која стана покомплицирана поради, како што го нарече Белата куќа „привремен прекин во комуникациите“ поради испраќањето борбени авиони во Украина.
Ер Форс два слета на меѓународниот аеродром Шопен во Варшава нешто по 22 часот по локално време, пренесува Си-Ен-Ен.
Планирано е Харис да ги почне средбите со полските лидери утре изутрина, при што ќе се отвори прашањето за авионите.
Полска вчера објави дека е подготвена своите авиони МиГ-29, за кои Украина постојано бара од земјите на НАТО, да ги стави на располагање на САД и да ги испрати во базата на НАТО Рамштајн во Германија, од каде би можеле да бидат префрлени во Украина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.