Невреме од дожд ја напушти шпанската провинција Валенсија, откако загинаа најмалку 217 луѓе, и ја погоди Каталонија, каде метеоролошката служба повика на голема претпазливост.
Метеоролошката служба АЕМЕТ извести дека „метеоролошката криза заврши во провинцијата Валенсија“ каде што продолжува потрагата по исчезнатите.
Но, во исто време таа ги повика жителите на Каталонија, соседна провинција со 7,5 милиони жители, да бидат крајно внимателни поради обилните дождови.
Сообраќајот на приградските возови е прекинат во Каталонија поради неповолните временски услови и предупредувањата за обилни врнежи, објави операторот Rodalies de Catalunya на својата веб-страница. Возовите во сообраќајот сепак ќе стигнат до својата дестинација.
Во Барселона утрово на аеродромот Ел Прат падна 81 литар дожд на метар квадратен на час, поради што 15 авиони беа пренасочени кон други аеродроми. Министерот за транспорт Оскар Пуенте извести дека на аеродромот ќе биде формиран кризен штаб кој ќе ги следи ефектите од невремето врз воздушниот сообраќај таму.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.