Портпаролот на катарското Министерство за надворешни работи, Мајед ал-Ансари изјави дека „најтешката страна“ во процесот на преговори бил Израел.

Процесот на преговори е тежок од сите аспекти. Секоја партија има свои барања и резерви. Даваме се од себе да ги средиме работите. Но, најтешката страна беше Израел, рече тој на брифингот во Доха.

Ал Ансари додава дека Катар не може да го потврди вкупниот број на заробеници кои се држат во Газа.

Она што можеме само да го кажеме со сигурност е бројот на заробеници што се ослободени, посочи тој.

Ал-Ансари додава дека „приоритет во овој момент е цивилните жени и деца да бидат ослободени, додавајќи дека „воените мажи ќе влезат во дискусија“ потоа.

-Во однос на унијата меѓу палестинските фракции, ова се внатрешни работи на Палестинците и треба да се решат од нив. Сепак, не штедиме напори да ги собереме сите фракции на палестинскиот народ на еден фронт, изјави Ал-Ансари одговарајќи на прашање дали Хамас ќе биде дел од изборниот процес во повоената ера во Газа.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.