Поранешниот водител на Фокс њуз, Такер Карлсон, кој од минатиот месец веќе не работи во таа телевизиска мрежа соопшти дека свое шоу „наскоро“ ќе има на Твитер.
Фокс Њуз Медиа и Карлсон се разделија минатиот месец откако матичната компанија Фокс Корп се спогоди во тужбата за клевета со компанијата Dominion Voting Systems за 787,5 милиони долари.
Карлсон беше клучна фигура во тужба за клевета на компанијата против Фокс Њуз.
Додека беше водител во ударен термин на Фокс Њуз, Карлсон стана една од највлијателните личности во Републиканската партија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.