Поранешниот украински амбасадор во Германија и сегашен во Бразил, Андриј Мелник, неочекувано ги повика западните лидери да преговараат со рускиот претседател Владимир Путин за ставање крај на војната во Украина.
Мелник, особено го повика германскиот канцелар Олаф Шолц да се сретне со рускиот претседател.
Зошто господинот Шолц не треба да се сретне со Путин? Можеби не треба да го покани во Германија на пиво или да лета за Москва. Но, имаше состаноци за време на Студената војна, на пример, во Исланд“, истакна Мелник.
Според него, „разговорот може да создаде чудо“.
Можеби тоа се само мои соништа, но верувам дека сега треба да се повлече и дипломатската палка. На крајот на краиштата, сега скоро секој ден читаме дека Путин, преку некои посредници, испраќа сигнали за неговата подготвеност за преговори, дека наводно сака да ја прекине војната.
Мислам дека Путин останува човек што размислува рационално. Можеби има точки кои, паралелно со зголемениот воен притисок, ќе го наведат да мисли дека би било подобро војната веднаш да се прекине. Тој во секој случај е способен да му го претстави и најтешкиот пораз на руското општество како победа“, изјави Мелник.
Според Мелник, темата на преговорите би можела да биде улогата на Русија по крајот на војната.
Путин не е рамнодушен кон оваа тема“, вели дипломатот.
Според него, светот треба да размисли како да најде пристап кон руското раководство.
Би сакал да видам посилна дипломатска иницијатива од Западот со учество на други играчи, вклучително и од глобалниот југ, особено Кина и можеби Бразил“, вели амбасадорот.
Тој исто така додава дека „никој во Украина не сака да ја води оваа војна до последниот војник“.
За нас ова е прашање на зачувување на нашата државност“, вели Мелник.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.