Трикратниот пакистански премиер, Наваз Шариф, се врати во земјата по четири години самонаметнат егзил во Лондон за да ја почне изборната кампања на неговата партија, три месеци пред изборите во земјата.
Според локалните медиуми, 73-годишниот политичар ќе учествува на изборен митинг во неговиот роден град Лахоре по пристигнувањето во Исламабад заедно со 194 членови на неговата партија и медиумски организации.
Шариф не бил во Пакистан откако замина во Лондон на лекување во 2019 година додека отслужуваше 14-годишна затворска казна за корупција. Неговите обвиненија сè уште се во тек, но според судската одлука издадена во четвртокот, на властите им е забрането да го уапсат до вторник, кога треба да се појави на суд.
Иако не може да се кандидира на избори или да извршува јавна функција поради обвиненијата против него, неговиот правен тим вели дека планира да поднесе жалба, а неговата партија посочи дека Шариф ќе бара четврти мандат како премиер.
Негов најголем предизвик ќе биде да ги придобие гласачите на неговиот главен ривал Имран Кан, кој останува популарен и покрај тоа што е во затвор откако беше сменет од премиерската функција во 2022 година. На Кан му е забрането да се кандидира на изборите според неговата пресуда за поткуп, изречена во август, која ја обжалува.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.