Поранешниот директор на ЦИА, пензионираниот американски генерал Дејвид Петреус, оценува дека руската војска направила три клучни грешки за време на војната во Украина.

Тие целосно ги потценија украинските сили и ги преценија руските. Тие не можеа да ја наметнат својата линија на воена кампања и да ги подготват силите за спроведување на оваа кампања. Покрај тоа, тие немаа модерни телекомуникациски системи. Значи, генералите продолжија да им гинат. Понатаму, тие не ги обучуваа своите војници, секогаш знаевме дека им недостасуваат професионални подофицери кои се столбот на нашите сили на Западот. Имаше многу грешки што ги покажаа, некои очекувани, а некои неочекувани, нагласува пензионираниот генерал Петреус, поранешен началник на Здружениот штаб на началаници на американската војска.

Генералот, исто така, истакнува дека руските комуникациски канали се едноканални и не се шифрирани, што им олеснува на Украина и нејзините сојузници да ги следат.

Како што пренесува загребската телевизија „Н1“, Петреус смета дека украински напад може да предизвика колапс на руските сили на југот на Украина и дека украинските сили ќе заземат голем дел од територијата што е под контрола на Русите од минатата година, се до Крим.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.