Сергеј Марков, политички коментатор од Москва и поранешен близок советник на рускиот претседател Владимир Путин, изјави за Би-Би-Си дека рускиот крстосувач „Москва“ потонал откако беше погоден од проектил што НАТО и го достави на Украина во јануари.

Тој вели дека загубата на бродот е неуспех на руската армија. „Ова се случува затоа што Русија не се бори само против Украина, туку и против коалицијата на големите сили“, рече Марков.

Руското Министерство за одбрана и натаму тврди дека штетата на бродот е предизвикана од несреќа.

Украинската влада и Западот тврдат дека бродот бил погоден од неколку украински проектили.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.