Федералниот обвинител на Аргентина бара 12-годишна затворска казна за Кристина Фернандез де Кирхнер, поранешната претседателка на државата и актуелен потпретседател, поради обвинение за корупција.
Обвинителот Диего Лучиани ја обвини Фернандез де Кирхнер, се уште влијателна личност во владејачката Перонистичка партија, дека ја измамила државата и била вклучена во шема за пренасочување на јавни средства за време на нејзините два претседателски мандати помеѓу 2007 и 2015 година.
Конечната пресуда ќе биде позната за неколку месеци, а таа би можела да поднесе жалба до повисоките судови, за што би биле потребни години за да се донесе конечна одлука, пишуваат локалните медиуми.
Ова беше веројатно најголемиот корупциски маневар досега во нашата земја – изјави, меѓу другото, обвинителот Лучиани во завршниот збор на судскиот процес.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.