Судот во Мјанмар ја осуди поранешната лидерка на земјата, Аунг Сан Су Чи на уште четири години затвор поради незаконски увоз и поседување воки-токи и кршење на ограничувањата за корона вирусот.

Поранешната премиерка на државата минатиот месец беше осудена на четири години затвор по две други обвиненија, а казната на крајот беше намалена на две години. Против Аунг Сан Су Чи (76) добитничка на Нобеловата награда за мир се поднесени десетина обвиненија откако  во февруари минатата година армијата изврши државен удар против нејзината влада.

Нејзините поддржувачи велат дека обвинувањата против неа имаат за цел да ја спречат да се врати во политиката.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.