Судот во Мјанмар ја осуди соборената цивилна премиерка Аунг Сан Су Чи на четири години затвор поради поттикнување немири против војската и кршење на правилата за борба против корона вирусот.

Су Чи е осудена на две години затвор според член 505 (б) и две години затвор според Законот за борба против природни катастрофи – соопшти портпаролот на хунтата Зау Мин Ту.

Во меѓувреме антивоените протести продолжуваат и покрај убиството на повеќе од 1.300 луѓе од државниот удар на 1 февруари.

Воено возило вчера удри во демонстранти при што загинаа пет луѓе, а десетици беа повредени. Безбедносните сили на Мјанмар вчера во Јангон извршија рација врз противниците на воениот удар во земјата при што беа уапсени најмалку 15 луѓе.

Протестите често се организираат во помали групи кои изразуваат противење на соборувањето на избраната влада предводена од нобеловката Аунг Су Чи и враќањето на воената власт.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.