Најмалку 31 лице загинаа, меѓу кои 23 деца, во градинка во североисточниот дел на Тајланд откако поранешен полицаец почнал да пука и да боде секој што ќе излезел пред него. Според дел од тамошните медиуми напаѓачот е во бегство, а според некои тој извршил самоубиство по крвавиот поход.

На социјалните мрежи е објавена фотографија од бараниот напаѓач. Тој е идентификуван како 34-годишниот Пања Хамрап, кој лани добил отказ од полиција и претходно ги убил сопругата и синот.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.