Влошеното ментално здравје на претседателот Џозеф Бајден е опасност за цела Америка, изјави поранешниот лекар од Белата куќа и републикански конгресмен Рони Џексон.

„За нашата земја е страшно што Бајден е врховен командант. Половина од времето не знае каде е и секој ден нѐ приближува до сеопфатна војна со Русија и Кина. Неговото ментално влошување ќе доведе до тоа луѓето да умираат“, напиша Џексон на Твитер.

Рони Џексон, кој беше доктор во Белата куќа за време на претседателските администрации на Барак Обама и Доналд Трамп до 2018 година, претходно ја критикуваше американската администрација дека не ја објавува вистината за менталното здравје на Бајден.

Претходно Белата куќа објави извештај за здравјето на претседателот, во кој се наведува дека Бајден е „здрав и силен 80-годишник кој е способен да ги извршува своите должности“.

Џексон го коментираше и тој извештај, наведувајќи дека станува збор за „шега“ и „прикривање“.

Тој посочи дека Бајден, за разлика од неговиот претходник Доналд Трамп, не го положил когнитивниот тест и дека неговата „способност за размислување исчезнала“ и дека тој не треба да биде на функцијата.

Според истражувањето кое неодамна беше објавено од Харвардскиот центар за американски политички студии и компанијата Харис, 57 отсто од Американците се сомневаат во психичката состојба на Бајден, додека 67 отсто сметаат дека тој е премногу стар за да ја води земјата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.