Рускиот претседател Владимир Путин со авион патуваше 1.821 километар од Москва до Севастопол, најголемиот град во регионот. Таму возеше автомобил низ градот, рече регионалниот лидер на Крим, Михаил Развозаев.

„ Нашиот претседател знае да изненади на добар начин. Денеска требаше да отвориме детско уметничко училиште во Херсонес. Се беше подготвено за видео конференција и извештај до претседателот преку специјална врска за комуникација, но претседателот дојде лично со автомобил. Тој беше зад воланот“, напиша Развозаев на „Телеграм“.

Тој додаде дека претседателот на Русија е секогаш со Севастопол и жителите на Севастопол на овој историски ден, пренесува ТАСС.

„ Нашата земја има неверојатен лидер“, напиша Развозаев.

Руската државна телевизија прикажа кратка снимка, на која се гледа Путин лежерно облечен, како шета со група официјални лица.

Руската државна новинска агенција РИА Новости објави дека Путин посетил уметничко училиште и детски центар. Се чини дека локациите се избрани како одговор на налогот за апсење издаден од Меѓународниот кривичен суд (МКС) во Хаг, објави „Гардијан“, цитирајќи ги извештаите на АП.

МКС повика на апсење на Путин под сомнение дека е одговорен за нелегална депортација на деца и илегално пренесување на луѓе од територијата на Украина во Руската Федерација.

Вчера, Кремљ ја прогласи наредбата на МКС за срамота, но и бесмислена за Москва. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, го прогласи обвинението за „безобразно и неприфатливо“ и додаде дека Русија, како и многу други земји, не ја признава јурисдикцијата на МКС.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.