Рускиот претседател Владимир Путин повторно стана главна тема на социјалните мрежи откако направи уште една „грешка“. Имено, Путин преку видео врска зборуваше за самитот на БРИКС во Јоханесбург, Јужна Африка.
Тој не пристигна таму физички поради налогот за апсење што го издаде Меѓународниот кривичен суд во март, па наместо тоа, на насобраните им се обрати од далечина. Но, она што беше поттик за многумина беше неговото – гледањето во часовникот.
Putin forgot he wears his watch on his right hand.
Or that isn’t Putin?What’s going on? pic.twitter.com/oINZO8UJWO
— Anton Gerashchenko (@Gerashchenko_en) August 22, 2023
Имено, на видеото се гледа како Путин ја крева левата рака, како кога автоматски сакаме да погледнеме во часовникот. Потоа брзо ја спушта раката и гледа во хартиите. Кога се почеша, се виде дека часовникот е на десната рака. Иако не е сигурно зошто го направил тоа, има многу мислења дека тоа всушност воопшто не бил тој, туку негов двојник.
– Двојникот на Путин сето ова време заврши одлична работа, но згреши кога сакаше да си го најде часовникот на левата рака, бидејќи вистинскиот Путин обично носи часовник од десната страна – пишуваат корисниците на X, поранешен Твитер.
Претходно имаше и сомнежи дека рускиот претседател користи двојник. Имено, Путин во март наводно испратил доплегенгер во украинскиот град Мариупол, а го „издале“ – ушите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.