Десет летови се откажани утринава поради ерупција на вулкан во Нов Зеланд, соопшти локалната авиокомпанија Ер Нов Зеланд, додавајќи дека сообраќајот се нормализира.

Вулканот White Island (Бел остров) се наоѓа на околу 50 километри од брегот на Северниот остров и 200 километри од Окленд, најнаселениот град во Нов Зеланд. Владините научници предупредија дека активноста на Вакари, како што го нарекуваат домородните Маори во земјата, може да продолжи „недели до месеци“ што доаѓаат.

Поради пепелта што ја исфрли вулканот откажани се 10 летови, а портпаролот на авиокомпанијата потврди дека сообраќајот е воспоставен по подобрување на состојбата.
Во ерупцијата на вулканот Бел Остров во 2019 година загинаа 22 лица.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.