Силни дождови ги погодија Обединетите Арапски Емирати, поплавувајќи автопатишта и нарушувајќи ја работата на меѓународниот аеродром во Дубаи.
Како што може да се забележи од снимките на социјалните мрежи од аеродромот во Дубаи, еден од најпрометните аеродроми на светот, покажале дека патниците спијат на подот додека чекаат летови.
Најпрометниот аеродром во светот за меѓународни патници потврдил дека е запрено пристигнувањето околу 15:30 часот, пред да објави „постепено продолжување“ повеќе од 2 часа подоцна.
На снимките од Дубаи се гледаат поплавени скапоцени автомобили оставени на сред улица додека нивните сопственици се обидувале да се спасат.
Во трговските центри паѓале покриви, а сопствениците на продавниците собирале со крпи вода како би успеале да ја спасат робата.
Училиштата не се отворени. Сè е суспендирано. Нема ниту достава за ништо.
First time in #Dubai in 75 years 🥺, Alarming situation #dubairain #Uaeweather pic.twitter.com/Mzq5x8IhSf
— NadeeM 🇵🇰 🤍 (@Nadu805) April 17, 2024
View this post on Instagram
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.