Бројот на загинати во свлечиштата и поплавите предизвикани од обилните дождови во бразилската држава Сао Паоло се зголемил на 24, а пожарникарите ги продолжуваат спасувачките операции.

Најнаселената бразилска држава, за време на викендот беше погодена од силен дожд, поради што стотици илјади луѓе мораа да ги напуштат своите домови. Поплавите зафатија вкупно 27 градови.

Гувернерот на Сао Паоло, Жоао Дорија, во неделата со хеликоптер ги обиколи погодените области и најави финансиска помош во износ од 2,8 милиони долари.

Југоисточен Бразил од почетокот на годината го погодија обилни дождови повеќе од вообичаено, а во јануари во поплавите во државата Минас Жераис загинаа 19 лица.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.