Шефот на иранското правосудство Голамхосеин Мохсени Ејеџи соопшти дека околу 22.000 лица кои беа уапсени за време на повеќемесечните протести против иранската влада се помилувани, пренесе иранската новинска агенција ИРНА.

Антивладините протести почнаа низ Иран во септември, по смртта на младата Иранка Махса Амини во полициски притвор. Во масовните демонстрации имаше и жртви.

Врховниот водач на Иран, Али Хамнеи, ги помилува првите демонстранти во февруари.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.