Полскиот претседател Анджеј Дуда вчера изјави дека е подготвен да разговара со украинскиот претседател Володимир Зеленски како пријател за да се реши тензичната ситуација меѓу земјите.
За потсеување, Варшава се закани дека ќе престане да испраќа оружје во Киев во екот на спорот околу увозот на жито.
Осврнувајќи се на изјавата на Зеленски, кој на Генералното собрание на ОН во вторникот рече дека некои од европските пријатели на Украина играат солидарност во политичкиот театар, Дуда за полскиот канал ТВН24 изјави дека, иако неговиот украински колега конкретно не ја спомена Полска, сугестијата сепак постои и сите ја разбрале.
Полскиот претседател рече дека е огорчен од изјавата на Зеленски.
Бев огорчен, тоа е вистинскиот збор. Мислам дека треба малку да се смириме. Овој спор е само мал дел од нашата врска. Не треба да дозволиме да влијае на целата врска. Само другите ќе имаат корист од тоа – изјави Дуда.
На почетокот на оваа година, неколку земји од Европската унија воведоа забрана за увоз на украинско жито за да ги заштитат своите земјоделци кои не можеа да конкурираат со цената.
Минатата недела ЕУ објави планови за суспендирање на ограничувањата, но Полска, Унгарија и Словачка рекоа дека имаат намера да ги задржат.
Треба да го решиме ова. Тоа е всушност правен спор. Разбирам дека Украина е во таква ситуација што бара помош по секоја цена и затоа не се грижи каде продава жито. Ние сакаме да им помогнеме и ние им помагаме – изјави Дуда за ТВН24.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.