Полскиот претседател, Анджеј Дуда, за време на посетата на Киев, повика на укинување на балтичкиот гасовод „Северен поток 2“, кој ги поврзува Русија и Германија.
Не може да има враќање во нормала на односите со Москва – порача Дуда на самитот на Кримската платформа.
Според Дуда, „потребна е нова политика која ќе го отстрани „Северен поток 2“, јави полската новинска агенција ПАП.
Полска и другите источни членки на ЕУ, долго го критикуваа руско-германскиот проект, посочувајќи дека тој му дава дополнително влијание на Кремљ во Европа во време кога енергетската безбедност на ЕУ е доведена во прашање.
Во февруари германската Влада одби да го пушти во промет гасоводот поради руската воена операција во Украина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.