Полскиот претседател Анджеј Дуда по падот на ракетата во источна Полска рекол дека не би сакал тој инцидент да доведе до војна со Русија.

Дуда ова го кажува во разговор со руските комичари Владимир Кузњецов – Вован и Алексеј Стољаров – Лексус, кои оствариле контакт со него, лажно претставувајќи се како францускиот претседател Емануел Макрон.

Во снимката која денеска беше објавена на социјалните мрежи, наводниот Макрон го прашува претседателот Дуда дали инцидентот го поврзува со постојаните барања на украинскиот претседател Володимир Зеленски за нови испораки на оружје. На тоа, како што е соопштено, претседателот на Полска одговорил: „Верувај ми, јас сум крајно внимателен. Не ги обвинувај Русите. Емануел, мислиш дека ми треба војна со Русија? Не. Верувај ми, не го сакам тоа“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.