Полскиот премиер, Матеуш Моравјецки, ја обвини Русија за геноцид и предложи итно формирање на меѓународна комисија која ќе го истражи ова и другите руски злосторства врз цивилите во Украина.

Моравјецки ги обвини лидерите на западните сојузници дека кочат воведување порешителни санкции против Русија, за кои полскиот премиер рече дека се неопходни.

Тој истовремено истакна дека унгарскиот премиер, Виктор Орбан, не блокирал ниту една санкција, а според Моравјецки, главниот кочничар по тоа прашање е Германија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.