Полскиот вицепремиер и министер за земјоделство Хенрик Ковалчик денеска поднесе оставка во екот на скандалот околу украинското жито, кое наместо во Африка главно заврши во Полска и на пазарите на Европската унија.

Јас поднесов оставка од функцијата министер за земјоделство и рурален развој кога видов дека Европската комисија (ЕК) нема да го исполни основното барање на полските земјоделци. Наместо тоа, ЕК објави предлог за продолжување на бесцаринскиот увоз на жито од Украина за следната година, а ќе стапи на сила во јуни годинава“, образложи Ковалчик на прес-конференција зошто поднесува оставка.

Тој ќе остане на функцијата вицепремиер, а нов министер за земјоделство треба да стане шефот на Комитетот за земјоделство и рурален развој во Сејмот на полскиот Парламент, Роберт Телус.

На крајот на март, Ковалчик потпиша договор од 11 точки со претставници на земјоделците, кои организираа протести низ цела Полска поради украинските житарки и се заканија дека ќе ја окупираат зградата на министерството, од кои првата точка беше враќање на царинските давачки кои беа укинати од хуманитарни причини.

Пред да поднесе оставка, Ковалчик вети дека полската влада ќе одвои нешто повеќе од две милијарди евра за покривање на загубите на полските земјоделци поради дестабилизацијата на пазарот предизвикана од украинските житарки.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.