Полска повторно ја отвора својата амбасада во Cеверна Кореја, која беше затворена од почетокот на пандемијата на корона вирусот, соопшти полското министерство за надворешни работи.
Како што се наведува во соопштението, овој потег отвора канал за комуникација меѓу Полска, која е членка на НАТО, и Пјонгјанг, близок сојузник на Русија.
Полската амбасада беше затворена во декември 2020 година, откако севернокорејските власти објавија целосно затворање на државната граница поради пандемијата на корона вирусот.
Полска е втората европска земја која повторно ја отвори својата амбасада во Пјонгјанг, по Шведска, која го стори тоа во септември.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.