Полското Министерство за одбрана потпиша офсет договори со „Боинг“ и „Џенерал Електрик“ во вредност од околу 255 милиони долари, со што е поблиску до финализирање на договорот вреден 12 милијарди долари за купување 96 воени борбени хеликоптери „АХ-64Е Апачи“.

Полската армија наскоро ќе ги набави овие хеликоптери, кои навистина ќе ја зајакнат нашата подготвеност и безбедност во однос на она што се случува надвор од границите на Полска, односно во контекст на војната во Украина“, изјави заменик-министерот за одбрана Павел Бејда.

Офсет договорите се посебен вид договори што и овозможуваат на владата на една земја да купува оружје произведено од странски компании. Договорот со „Боинг“ од 102 милиони долари е за поддршка за одржување на хеликоптерите „AХ-64E“ како и обука за одржување, додека договорот од 135 милиони американски долари за „Џенерал Електрик“ е за поддршка за моторите за „Апачи“ и погонските единици во други полски воени хеликоптери.

Во август 2023 година, САД одобрија продажба на 96 хеликоптери „AХ-64E Апачи“ и поврзана опрема на Полска за околу 12 милијарди долари, а подоцна истата година Полска ги склучи своите први офсет договори со „Локид Мартин“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.