Полска ќе бара повлекување на земјата од миграцискиот пакт на ЕУ. Опозициската партија Право и Правда планира во септември да почне со собирање потписи за одржување референдум за ова прашање.
Полската опозиција не е задоволна од новите миграциски правила на Европската Унија. Тие, наводно, вклучуваат „правична“ распределба на мигрантите меѓу различните земји од заедницата за да „се помогне да се намали товарот на земјите од првите редови кои се соочуваат со прилив на илегални имигранти“.
Од партијата, во исто време, веат дека „белите господа“ од Брисел не се грижат за безбедноста на „второкласните“ земји од источна Европа.
Претходно Унгарија беше казнета со 200 милиони евра затоа што одбива да прифати дополнителен број мигранти од другите земји на ЕУ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.