По експлозијата во селото Пржеводов, во непосредна близина на границата со Украина, во која загинаа две лица, Полска вечерва под зголемена борбена готовност стави дел од своите вооружени сили, изјави владиниот портпарол Пјотр Мулер, јави ДПА.

По сериозниот инцидент во близина на границата со Украина, што се случи попладнево, полскиот премиер, Матеуш Моравјетцки, за вечерва свика итна седница на владиниот Комитет за прашањата на националната безбедност, на која присуствувал и претседателот на државата Анджеј Дуда



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.