Полска планира да распореди до 10.000 дополнителни војници на границата со Белорусија за поддршка на Граничната стража, изјави денеска министерот за одбрана Мариуш Блашчак.
Околу 10.000 војници ќе бидат на границата, од кои 4.000 директно ќе ја поддржуваат Граничната стража, а 6.000 ќе бидат во резерва, соопшти министерот во интервју за јавното радио.
Ја приближуваме армијата до границата со Белорусија за да го избркаме агресорот, за да не се осмели да нè нападне, изјави Блашчак.
Заменик-министерот за внатрешни работи Масиеј Вашик вчера изјави дека Полска ќе испрати дополнителни 2.000 војници на границата со Белорусија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.