Полска денеска им забрани на руските државјани да влезат во земјата по воздушен и морски пат.
Ограничувањето стапи на сила една недела откако Естонија, Латвија, Литванија и Полска ги затворија своите копнени граници за руските граѓани, забранувајќи го влезот на повеќето Руси, вклучително и оние со шенген визи.
Заменик-министерот за внатрешни работи Бартош Гродецки минатата недела објасни дека ќе има еднонеделно одложување за воздушните и поморските гранични премини.
Естонија, Латвија и Финска предложија целосна забрана за туристички визи за Русите низ ЕУ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.