Русија рано утринава изврши воздушни напади врз Киев и Лавов што ги натера вооружените сили на соседна Полска да ги активираат авионите за да го осигураат својот воздушен простор во близина на границата.

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, на Телеграм изјави дека неколку експлозии се слушнале во главниот град откако системи за противвоздушна одбрана биле вклучени во одбивањето на нападот.

Украинските сили за воздушна одбрана уништија десетина проектили лансирани од Русија врз Киев и во близина на главниот град. Во нападот врз Киев нема жртви или поголема материјална штета“, изјави на Телеграм Серхи Попко, шеф на воената администрација во Киев.

Русија почна да врши масовни воздушни напади врз критичната и воена инфраструктура  на Украина како одговор на украинските напади и гранатирање врз цивилите во Белгород и Курск, за време и непосредно по неодамнешните претседателски избори.

Веќе трето утро неделава цела Украина е под воздушна тревога и се советува да има засолниште“, објави рано утринава американската амбасадорка во Украина, Бриџит Бринк, на платформата X

Руското Министерство за одбрана не одговори веднаш на барањето за коментар.

Во големиот напад врз Лавов, руски ракети летале во близина на границата со Полска.

Полските и сојузничките авиони се активирани, што може да резултира со зголемување на нивото на бучава, особено во југоисточниот дел на земјата“, соопштија полските вооружени сили на X.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.