Руските ракетни напади врз енергетската инфраструктура на Украина предизвикаа прекин на испорака на струја во половина Молдавија, изјави денеска вицепремиерот Андреј Спину.

„Молделектрика” работи на обновување на напојувањето на повеќе од 50 отсто од државата со електрична енергија, рече Спину.

Полицијата и молдавската компанија која снабдува електрична енергија на југот и центарот на земјата побараа од луѓето да останат смирени.

Серија експлозии одекнаа претходно денеска во Киев, а експлозии се слушнаа и во регионите Дњепропетровск и Миколаев, каде што беа пријавени неколку удари.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.