Речиси половина милион луѓе се уште се соочуваат со катастрофало ниво на глад во Газа, се нагласува во извештајот на Класификацијата на фазата на безбедност на храната (Food Security Phase Classification, IPC), агенцијата на ОН што ја следи глобалната безбедност на храната.
Предупредувањата за неизбежен глад на северот на палестинската територија во март не се остварија, но извештајот поддржан од ОН објави дека 495.000 луѓе, околу 22 отсто од населението во Газа, се уште се соочуваат со „катастрофално ниво на акутна несигурност со храна“.
Во соопштението се додава дека уште 750.000 луѓе се во вонредна ситуација поради несигурно снабдување со храна.
Светската програма за храна на ОН (ВФП) вели дека новиот извештај „дава јасна слика за гладта“.
Зголемените испораки на храна во северниот дел на Газа помогнаа да се намалат најлошите нивоа на глад, но ситуацијата останува опасна, наведува ВФП, предупредувајќи дека ситуацијата се влошува на југ.
Во соопштението се вели дека ВФП сега стравува дека јужниот дел на Газа наскоро може да се соочи со катастрофалните нивоа на глад што претходно беа забележани во северните области.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.