Од полицијата велат дека немаат информации за здравствената состојба на засегнатата жена.
Властите евакуираа метро станица и возови на линијата кон Националната библиотека Франсоа Митеран во источен Париз. Во соопштението се наведува дека полицајците отвориле оган откако жената не реагирала на предупредувањата.
Полициската патрола реагирала откако еден од патниците во возот ја повикал Службата за вонредни ситуации и пријавил дека жена, која носела хиџаб, упатувала разни закани.
Според медиумите, жената извикувала „Алах е голем“ и се заканувала дека ќе се разнесе.
Наводно жената била застрелана во стомакот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.