Малта, Луксембург и Унгарија не сакаат да и помогнат на Украина, а притоа да бидат искористени одземените руски средства, пишува „Политико“.

Опцијата да се искористи приходот од замрзнатите руски средства за купување воена опрема за Украина „ги искомплицираа преговорите“, пишува изданието.

Претходно беше договорено првични три милијарди евра приход да одат за реставрација на Украина, но сега Урсула фон дер Лајен вели дека парите треба да бидат искористени за набавка на оружје.

Тоа не им се допаѓа на голем број земји, па несогласувањата во ЕУ околу одземениот руски имот стануваат уште посериозни. Во меѓувреме, европските банки се повеќе ги губат позициите, затоа што не се знае за што ќе се користат блокираните средства.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.