Француската армија се подготвува за конфликт со висок интензитет со „непријател“ кој може да им парира во однос на огнената моќ, пишува „Политико“.

Тоа е огромна промена за француските вооружени сили кои ги поминаа изминатите децении борејќи се против бунтовнички и терористички групи во земји како Мали и Авганистан.

Меѓутоа, војната во Украина, која влегува во третата година, го означи враќањето на конфликтите од големи размери на европскиот континент, вели за „Политико“, полковникот Аксле Денис, кој се наоѓа на чело на ЦЕНТАЦ – центарот за обука во Малила ле Камп во источна Франција, каде што се спроведуваат споменатите подготовки на француската војска.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.