Париската полиција запрела над 500 возила што се обиделе во конвои да влезат во градот во знак на протест против епидемиолошките мерки против корона вирусот.
Возилата беа пресретнати на три влеза во француската престолнина и беа изречени повеќе од 150 казни – објави полицијата на Твитер.
Полицијата мобилизирала 7.200 полицајци, поставила контролни пунктови и донела оклопни транспортери и водени топови како подготовка за спречување на блокадите и протестот.
Инспирирани од канадските протести наречени „Конвој на слободата“, возачите од голем број градови низ Франција се обидуваат да им пркосат на наредбата на полицијата да не влегуваат во градот.
Илјадници противници на епидемиолошките мерки воведени во борбата против пандемијата на Ковид-19 од синоќа се сконцентирани во предградијата на Париз, откако вчера во конвои пристигнаа од цела Франција.
Француските власти соопштија дека денеска и следните два дена се решени да спречат каква било блокада на главниот град.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.