Поголемиот дел од германските компании, поточно 61 отсто, им дозволуваат на вработените да работат од дома, објави Институтот за економски истражувања ИФО од Минхен.

Како што е наведено на веб-страницата на Институтот, германските компании им дозволуваат на своите вработени да работат од дома во просек по 6,4 дена месечно, ова е заклучокот од истражувањето спроведено во соработка со компанијата Рандстад, пренесува Танјуг.

Помалку е веројатно трговските компании и малите фирми да им понудат на своите вработени да работат од дома“, вели експертот на МФО, Јохана Гарниц.

Во трговскиот сектор, 34 отсто од германските компании нудат работа од дома, што е значителен пад во споредба со минатогодишните 51 отсто.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.