Четвртата рунда преговори меѓу Русија и Украина е прекината за денеска и ќе продолжи утре, изјави еден од украинските преговарачи Михаил Подољак.

Направена е техничка пауза во преговорите до утре. За дополнителна работа во работни подгрупи и појаснување на поединечни дефиниции. Преговорите продолжуваат, напиша Подољак на Твитер.

Денеска започна четвртиот круг преговори меѓу Русија и Украина, а Подољак претходно изјави дека се водат тешки разговори.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.