Полкот „Азов“, чии членови се меѓу преостанатите бранители на фабриката за челик „Азовстал“ во разурнатиот Мариупол, објави ново воздушно видео од руски напад.
„Нападот на ‘Азовстал’ продолжува. Бранителите ја држат челичарницата под тежок оган. Непријателот користи авиони, артилерија и пешадија“, објавија припадниците на полкот на „Телеграм“.
Претходно, се огласи и заменик командантот на „Азов“, Свјатослав Паламар, кој тврдеше дека Русите го прекршиле примирјето. Тој рече и дека не била дозволена евакуација на цивили.
„Трет ден откако непријателот влезе во фабриката ‘Азовстал’, каде што продолжуваат тешките, крвави борби. Русите повторно ги прекршија ветувањата за прекин на огнот и не дозволија евакуација на цивили кои и натаму се кријат од гранатирањето во подрумите на фабриката. Нашиот непријател не ги почитува етичките норми, конвенции и закони“, рече Паламар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.