Татко, кој дозволил неговата ќерка со посебни потреби да стане морбидно дебела за време на карантинот воведен поради пандемијата на коронавирус, е прогласен виновен за нејзиното убиство, пренесува „Гардијан“.

Поротата утврдила дека Алун Титфорд (45) ја занемарил својата 16-годишна ќерка Кајли до тој степен што таа на крајот починала. Како резултат на тоа, Титфорд беше прогласен за виновен за убиство од небрежност и го очекува затворска казна.

Мајката на Кајли, Сара Лојд-Џонс, се изјасни за виновна за истото дело во декември минатата година. Казната за сопружниците ќе биде изречена на 1 март.

Титфорд и Лојд-Џонс живееле со своите шест деца во Њутаун, Велс.

За време на судењето беше објавено дека Кајли ги поминала последните денови во услови „во кои не би требало да живеат ниту животни, а камоли ранлива 16-годишна девојка зависна од други“.

Девојчето починало или на 9 или 10 октомври 2020 година.

Кајли боледувала од хидроцефалус (водена глава) и спина бифида (расцепен рбет) и не можела да ги користи нозете. Девојчето посетувало редовна настава и играло кошарка во инвалидска количка.

Карантинот во Велс беше воведен во март 2020 година, а нејзиното здравје целосно се влошило во следните седум месеци.

Титфорд по апсењето изјавил дека Кејли во тој период воопшто не станувала од кревет, но подоцна ја променил приказната и тврдел дека неговата ќерка била мобилна додека не починала.

Титфорд изјавил и дека последен пат влегол во нејзината соба две недели пред да умре и дека не забележал ништо невообичаено.

Медицинските лица од Брзата помош, кои биле повикани по смртта на девојчето, рекле дека нејзината соба мирисала ужасно и дека под нејзиното тело пронашле црви.

Кајли во моментот на смртта имала 146 килограми. Девојчето било високо 145 сантиметри, а нејзиниот индекс на телесна маса бил 70 во моментот на нејзината смрт. Нејзините нокти не биле исечени шест месеци, а таа била 20 килограми потешка од тоа што можела да издржи нејзината инвалидска количка.

Тифорд за време на судењето признал дека ја изневерил својата ќерка и дека не се грижел за неа бидејќи бил премногу мрзлив.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.