Почна седницата на поротата во случајот против поранешниот американски претседател Доналд Трамп, кој е обвинет дека прикрил пари наменети да и бидат исплатени на поранешната порно ѕвезда Сторми Даниелс.

Поротата составена од седум мажи и пет жени ќе разгледа 34 точки од обвинението за фалсификување деловни документи. Трамп е обвинет дека и платил на Даниелс за да ја спречи да открие детали за нивната наводна афера во средината на претседателската кампања во 2016 година.

Обвинителите поминаа неколку недели обидувајќи се да докажат дека Трамп свесно му плаќал на својот поранешен посредник Мајкл Коен месечни рати од 35.000 долари и дека тој платил 130.000 долари на Даниелс.

До судот се доставени 11 фактури, 12 ваучери и 11 чекови.

Трамп негира дека знаел нешто за надоместување на Коен и негира наводна сексуална врска со Сторми Даниелс.

Се очекува Трамп и адвокатите да останат во судницата додека поротата ќе расправа во случај да имаат дополнителни прашања.

Од поротниците ќе се бара да ги предадат своите телефони и други уреди за време на седницата.

Си-Ен-Ен потсетува дека ниту една порота во американската историја не се соочила со таква задача – да одлучи дали поранешниот претседател и претпоставен кандидат на Републиканската партија ќе биде осуден за кривично дело.

И додека жирито може да размислува сè што сака, нејзината одлука ќе одекне низ американската нација и светот во критичниот момент на претседателските избори во 2024 година.

Да потсетиме, одбраната и обвинителството вчера ги изнесоа своите завршни зборови, а излагањата траеја речиси 10 часа.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.